Trend News – Trend Komunikacii https://trend-dev.mk Tue, 03 Jun 2025 08:24:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.2 Улогата на редовното следење на мрежата во спречување на сајбер-напади https://trend-dev.mk/%d1%83%d0%bb%d0%be%d0%b3%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%82%d0%be-%d1%81%d0%bb%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d1%80%d0%b5%d0%b6%d0%b0-2/ Tue, 03 Jun 2025 08:21:39 +0000 https://trend-dev.mk/?p=12147 Во време кога сè повеќе деловни активности се префрлаат на дигитални платформи, сигурноста на информациите станува не само предност, туку неопходност. Сајбер-нападите се случуваат секојдневно – од мали бизниси до глобални корпорации – и токму тука започнува приказната за еден од најмоќните алатки за заштита: редовното следење на мрежата.

Следењето на мрежата овозможува навремено препознавање на сомнителни активности. Тоа може да биде неовластен пристап до чувствителни податоци, обид за инсталирање на малициозен софтвер или едноставно необичен проток на информации кој не е вообичаен за одредено време или корисник.

Замислете го ова како систем за аларм кој се активира пред да се случи реална штета. Колку побрзо се идентификува заканата, толку помала е веројатноста да настане прекин во работењето или да се изгубат вредни ресурси.

Придобивки кои не се мерат само во пари

Иако многумина го гледаат мрежниот надзор како трошок, всушност, тој е инвестиција која директно влијае на довербата. Кога клиентите знаат дека компанијата ја сфаќа безбедноста сериозно, тие се чувствуваат посигурно да соработуваат со неа. Покрај тоа, компаниите што редовно го следат својот систем се многу поподготвени доколку дојде до инцидент – затоа што веќе имаат увид во тоа што се случува и може брзо да реагираат.

Како да се спроведе успешно мрежно следење?

Не е доволно само да се инсталира софтвер и да се очекува дека сè ќе биде во ред. Потребно е да се започне со анализа на тековната инфраструктура, да се избере алатка која е соодветна според обемот на работење, и да се обучи тимот за користење на истата. Овој процес треба да биде динамичен – секогаш надградуван, со јасно поставени правила за одговор на инциденти.

Некои од најкористените алатки за оваа намена се Wireshark, Nagios, Snort и SolarWinds – секоја со свои предности, во зависност од тоа дали се фокусираш на детекција на напади, анализа на сообраќај или известување во реално време.

Редовното следење на мрежата не е само технолошко решение – тоа е култура на одговорност и превенција. Во свет каде што дигиталните ризици се постојани, токму тие компании кои инвестираат во превентивни мерки се оние кои преживуваат и растат.

]]>
6 Клучни Причини Зошто Вашиот Бизнис Треба да Користи VPN https://trend-dev.mk/%d1%81%d0%b5-%d0%b7%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%bc%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d1%83%d0%bf%d0%be%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-vpn/ Wed, 14 May 2025 16:34:57 +0000 https://trend-dev.mk/?p=11967

Во дигиталната ера, каде што работата од далечина станува сè почеста, заштитата на деловните информации станува приоритет број еден. Компаниите, независно од големината, се под постојана закана од сајбер напади, особено кога вработените пристапуваат до мрежите од различни локации – дома, на терен или преку јавни Wi-Fi мрежи.

Едно од најефикасните и најдостапни решенија за зголемена безбедност е користење на VPN (Виртуелна Приватна Мрежа). Ви претставуваме шест конкретни причини зошто секој бизнис – од мал локален стартап до голема компанија – треба да инвестира во оваа технологија.

  1. Подобрена безбедност и приватност

VPN технологијата овозможува создавање на безбедна и шифрирана врска помеѓу уредот на корисникот и интернет мрежата, со што се штитат IP адресата, физичката локација, лозинките и останатите чувствителни податоци. Оваа заштита е особено важна кога станува збор за компаниите кои секојдневно разменуваат информации преку платформи како Dropbox, Google Drive или Office 365. VPN додава дополнителен безбедносен слој кој обезбедува податоците да останат заштитени додека се пренесуваат од една точка до друга.

  1. Енкрипција на важни комуникации

Испраќањето на важни податоци, без разлика дали станува збор за онлајн банкарство или електронски купувања, е потенцијален ризик доколку не се користи соодветна заштита. VPN енкрипцијата овозможува овие информации да не бидат достапни за неовластени лица. Дополнително, гласовните и видео повици направени преку платформи како Zoom или Google Meet се исто така подложни на прислушување доколку не се заштитени. Со употреба на VPN, разговорите остануваат приватни, овозможувајќи бизнисите да комуницираат слободно и без страв дека некој ќе ги прислушува или снима без нивно знаење.

  1. Безбедност на јавен Wi-Fi

Иако јавните Wi-Fi мрежи – како оние во кафулиња, аеродроми или хотели – се многу удобни, тие претставуваат сериозен ризик за безбедноста на податоците. Отворените мрежи им овозможуваат на сајбер криминалците лесно да го пресретнат интернет сообраќајот и да дојдат до чувствителни информации. Дури и ако мрежата е заштитена со лозинка, хакерот може да ја добие истата и да се приклучи на неа. Токму тука VPN игра клучна улога – преку шифрирање на податоците, ги прави невидливи за другите учесници на мрежата, обезбедувајќи мир и сигурност додека се сурфа на интернет.

  1. Ефикасни и ниски трошоци за одржување

Во споредба со други сајбер безбедносни решенија, VPN претставува релативно евтина, но исклучително ефикасна алатка. По иницијалната конфигурација, одржувањето на VPN е едноставно и нискобуџетно – како за индивидуални корисници, така и за цели компании. Дополнително, една лиценца за VPN често дозволува повеќе корисници или уреди, што значи дека со минимални инвестиции може да се обезбеди широка заштита.

  1. Заштита на повеќе уреди

Со оглед на тоа што денешниот начин на живот вклучува користење на различни уреди – телефони, таблети, лаптопи, па дури и паметни телевизори и гејмерски конзоли – многу е важно сите тие уреди да бидат заштитени. Повеќето професионални VPN провајдери нудат можност за истовремено поврзување на повеќе уреди, што значи дека сите членови на едно домаќинство или компанија можат да работат безбедно, без потреба секој поединечно да се грижи за својата дигитална безбедност.

  1. Пристап и безбедност во движење

Во свет каде што мобилноста станува сè поважна, многу вработени не се постојано во канцеларија. Тие често работат од далечина – од дома, од различни локации или додека патуваат. VPN овозможува безбеден пристап до интерната мрежа на компанијата, што значително ја зголемува продуктивноста и ефикасноста. Исто така, преку VPN, вработените можат безбедно да споделуваат датотеки и да пристапуваат до точно одредени ресурси, благодарение на можностите за управување со пристап.

Денес, кога дигиталната безбедност е критичен елемент за секој поединец и компанија, VPN не претставува само алатка – туку неопходност. Со својот капацитет да понуди сигурност, приватност и мобилност, VPN станува суштински дел од современото работење и дигиталното секојдневие.

]]>
Бизнис без интернет? Не си дозволувај скапи грешки! Време е за BACKUP конекција  https://trend-dev.mk/%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d1%88%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%b0%d1%88%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-2/ Tue, 08 Apr 2025 13:10:58 +0000 https://trend-dev.mk/?p=12024 Во светот на дигиталната економија, прекин од неколку минути може да значи изгубени клиенти, изгубени пари и изгубена репутација.
Дали вашиот бизнис е подготвен да издржи интернет прекин без да трпи сериозни последици?

Повеќе од кога било, стабилниот и сигурен интернет е основа на секојдневното работење. Од видео состаноци, онлајн продажба, до складирање на критични податоци – сѐ поминува преку интернет. Но што се случува кога примарната конекција ќе ве изневери?
Дали имате план Б?
Решението е едноставно и паметно – резервна интернет конекција која ќе го одржи вашиот бизнис во движење, без разлика на надворешните услови.

Зошто резервната интернет конекција е задолжителна?

1. Обезбедување на континуитет во работењето

Како што бизнисите сѐ повеќе интегрираат cloud технологии за нивните операции, комуникација и складирање на податоци, стабилната интернет конекција станува основа за секојдневното работење. Резервната интернет конекција овозможува непречено продолжување на клучните активности – како онлајн трансакции, видеоконференции и пристап до cloud услуги – дури и кога примарната мрежа ќе падне. Според извештај на Ofcom, прекинот на интернетот може да ги чини британските компании до 12.000 фунти по час, што ја прави оваа инвестиција не само разумна, туку и неопходна.

2. Минимизирање на оперативните прекини

Неочекуваниот прекин на интернет конекцијата може сериозно да ги наруши бизнис операциите, да доведе до губење на приходи, намалена продуктивност и незадоволни клиенти. Резервната интернет конекција служи како заштитна мрежа која им овозможува на компаниите да ги одржат операциите и да ги задоволат потребите на клиентите, дури и во услови на мрежен прекин.

3. Заштита на податоци и безбедност

Резервната конекција игра и клучна улога во заштитата на чувствителните деловни податоци. Во случај на пад на главната мрежа, резервната конекција овозможува непречен пристап, трансфер и заштита на податоците, со што се намалува ризикот од загуба на податоци или безбедносни пробивања.

4. Поддршка од Cloud базирани системи

Со сѐ поголемото префрлање на компаниите кон Cloud базирани системи– од CRM до финансиско управување – важноста на непрекинатата интернет конекција станува уште поочигледна. Cloud решенијата нудат флексибилност и скалабилност, но за да функционираат беспрекорно, тие зависат од постојан пристап до интернет. Резервната конекција обезбедува дека овие системи се достапни во секое време, штитејќи ги критичните деловни процеси и спречувајќи можни застои.

Не дозволувајте еден прекин на интернетот да ви го загрози бизнисот. Во светот каде дигиталната инфраструктура е столб на продуктивноста, стабилноста и довербата на клиентите, резервната интернет конекција не е луксуз – туку неопходност.

Размислете за оваа мала, но клучна инвестиција денес и заштитете го вашиот бизнис од неочекувани трошоци, прекини и репутациски удари.

]]>
Како да ја заштитите вашата компанија од сајбер-напади https://trend-dev.mk/%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d1%88%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%b0%d1%88%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0/ Sun, 23 Mar 2025 16:45:21 +0000 https://trend-dev.mk/?p=11973 Чекор-по-чекор водич за заштита на вашите податоци и спречување на хакирање.

Во време кога дигиталните закани стануваат сè почести и пософистицирани заштитата на податоците и системите е приоритет за секоја сериозна организација. Следува проверен чекор-по-чекор процес кој ќе помогне вашата компанија да го зајакне своето ниво на сајбер-безбедност:

1. Направете проценка на безбедносната поставеност (Security Posture Assessment)
Првиот чекор е да добиете целосна слика за тековната состојба на вашата ИТ-безбедност. Со оваа анализа ќе ги идентификувате слабите точки во инфраструктурата, политиките и човечките ресурси.

2. Рангирајте и приоритизирајте ги ризиците
По проценката, потребно е да ги класифицирате ризиците според тоа колку се сериозни и колку е веројатно да се појават. Така можете да одредите каде да ги вложите ресурсите и вниманието.

3. Едуцирајте ги вработените
Вработените се една од најважните алки во ланецот на заштита. Преку континуирана едукација и обуки за фишинг напади, безбедно користење на уреди и препознавање ризици, можете значително да ја намалите веројатноста од внатрешни пропусти.

4. Следете ги мрежите и редовно ажурирајте го софтверот
Постојаното следење на мрежниот сообраќај и активностите во системот овозможува рана детекција на закани. Истовремено, редовното ажурирање на сите софтверски решенија е неопходно за заштита од познати ранливости.

5. Изгответе план за реагирање при инциденти (Incident Response Plan)
Кога ќе се случи безбедносен инцидент, брзината и јасноста на реакцијата се клучни. Вашиот план треба да вклучува конкретни улоги, одговорности и чекори кои ќе се преземат, како и начини на комуникација со засегнатите страни.


Спречувањето е секогаш поевтино и поефикасно од справување со последиците. Со добро структуриран пристап и ангажирана организациска култура, вашата компанија може да ја минимизира изложеноста на сајбер-напади и да изгради доверба кај клиентите и партнерите.

]]>
Cyber закани и нивните последици: Колку е подготвен вашиот бизнис? https://trend-dev.mk/%d0%bc%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b3-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%bd%d0%b5%d1%82-%d1%81%d0%be%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%9c%d0%b0%d1%98-%d0%b2%d0%be-%d1%80-2/ Wed, 05 Feb 2025 13:07:30 +0000 https://trend-dev.mk/?p=12015 Во свет каде дигитализацијата е клучна за секојдневното работење, Cyber заканите претставуваат сериозен ризик за бизнисите, без разлика на нивната големина. Познавањето на видовите закани и нивните потенцијални последици е од суштинско значење за заштита на вашата организација.

Во овој блог ќе ги разгледаме најчестите видови Cyber закани и ќе анализираме како Cyber нападите можат да предизвикаат финансиски загуби, оштетување на репутацијата и сериозни оперативни прекини.

Малициозниот софтвер, попознат како Malware, претставува разновиден арсенал на штетен софтвер, вклучувајќи вируси, црви и тројански коњи. Целта на овие програми е да инфилтрираат, оштетат или нарушат компјутерски системи, да украдат доверливи податоци или да овозможат неовластен пристап до мрежата на вашата организација.

Посебен вид на Malware е Ransomware, кој ги шифрира податоците на жртвата, правејќи ги недостапни сè додека не се плати откуп. Овој вид на напади бележи постојан раст и особено ги таргетира бизнисите, институциите и индивидуалните корисници, оставајќи сериозни финансиски и оперативни последици.

Друг популарен начин на напад е Phishing, форма на социјално инженерство преку која Cyber криминалците испраќаат лажни е-пораки, пораки или линкови, со цел да ги измамат корисниците да откријат чувствителни информации, како лозинки, банкарски податоци или лични информации. Со добивање на вакви информации, напаѓачите можат да спроведуваат измами, да извршат кражба на идентитет или да добијат неовластен пристап до вашите системи.

Последиците од ваквите напади можат да бидат погубни за бизнисите. Финансиските загуби се една од најочигледните последици и можат да достигнат огромни суми. Трошоците не се ограничени само на санирање на системите и обновување на податоците, туку вклучуваат и ангажирање на експерти за Cyber безбедност, плаќање на откуп, изгубени приходи поради застој на работењето, како и потенцијални правни казни поради прекршување на регулативите за заштита на податоци.

Освен финансиските удари, Cyber нападите можат сериозно да ја нарушат репутацијата на компанијата. Губењето на довербата кај клиентите, партнерите и инвеститорите може да доведе до изгубени деловни зделки, отежната продажба, па дури и до потешкотии во привлекување нови клиенти и инвеститори. Последиците врз имиџот на компанијата може да се почувствуваат на долг рок, оставајќи траен белег.

Покрај тоа, Cyber нападите можат да предизвикаат значителни оперативни нарушувања. Од застој на системите, преку загуба на критични податоци, па сè до неможност компанијата да ги испорачува своите производи и услуги. Овие прекини директно влијаат на задоволството на клиентите, а може да предизвикаат и договорни казни или раскинување на деловни договори.Во еден ваков дигитален амбиент, Cyber безбедноста повеќе не е опционален избор, туку критична неопходност. Превенцијата е најдобриот пристап за заштита на вашиот бизнис од сериозни финансиски, репутациски и оперативни последици. Размислете за воведување на соодветни безбедносни мерки, едукација на вашите вработени и користење на напредни решенија кои ќе ви помогнат да останете чекор понапред од Cyber заканите.

]]>